• A BRUSH OF PERFECTION

  • CLEAN CHIC CREATIVE

  • DEFINING BEAUTY WITH STYLE

SPECTRA NAIL BAR е првиот вистински Nail Bar лоциран во центарот на Скопје, кој се грижи за здрав и модерен изглед на Вашите нокти. Нашиот салон ја обединува совршената светска технологија за нега на нокти со високо стручен кадар за комплетно задоволство на клиентот.

Што всушност претставува Nail Bar?

Nail Bar – овите низ Светот претставуваат уникатен спој од тренди услуги на маникир и педикир изведени во шик и пријатна атмосфера. Spectra Nail Bar Ви овозможува и Вие да бидете дел од cветскиот тренд.
Дозволете си единствено доживување каде маникирот и педикирот ќе бидат проследени со освежителен напиток, коктел или кафе.
Инспириран и создаден во духот на т.н. “lifestyle” салонот поседува уникатен и урбан дизајн. Ентериерот и декорот се спој од комфорт и функционалност, а внимателно избраните детали допринесуваат за чувство на услуга од 5 ѕвезди.

ИДЕАЛНА ЛОКАЦИЈА ПРЕКРАСЕН ЕНТЕРИЕР ЛУКСУЗНИ ТРЕТМАНИ ТИМ ОД ЕНТУЗИЈАСТИ КРЕИРААТ НЕЗАБОРАВНА АТМОСФЕРА!

Пасија на нашиот високо стручен тим е убавината, а обезбедувањето на ултимативно релаксирачко доживување е нашата мисија. Целта на SPECTRA NAIL BAR е да го доведе третманот на маникир до совршенство, релаксација и урбано доживување при секоја посета. Повелете да искусите третман кој не само што ќе направи да изгледате и да се чувствувате поубаво, туку и третман кој се грижи за Вас, Вашето здравје и е безбеден за околината.
Ние сме одличен изговор за да си посветите време за себе, да се исполните со енергија и задоволство или едноставно да потонете во убавина.

За нас

SPECTRA NAIL BAR е основан од тим на биохемичари по професија, кои своето искуство во медицината го применуваат при дефинирањето на услугите, а посветеноста на обезбедување на стерилни услови и био-препарати кои нема да им наштетат на клиентите, вработените и околината се од круцијална важност.

Третманите се вршат со високо квалитетни и проверени производи од етаблирани производители како


SPECTRA NAIL BAR

се грижи за Вашето здравје

Вашето здравје и благосостојба се од најголемо значење за нас. Соодветни санитетски услови се применуваат во секое време. Сите метални инструменти се стерилизираат во стерилизатори, а потоа се чуваат во стерилни услови до следна употреба. Ракавици, тупфери, дрвени буткачи се за еднократна употреба и по третманот се фрлаат. За клиентите кои ќе се одлучат повторно да дојдат во нашиот салон креираме персонален сет од инструменти.

Ве молиме, пред да започнете со закажаниот третман во нашиот салон, да ги информирате вработените за Вашата здравствена состојба:

  • Дали сте бремена?
  • Дали имате рана или повреда во близина на ноктите?
  • Дали сте алергични на некој препарат?
Сето ова е неопходно за да обезбедиме соодветна грижа и третман кој нема да интерферира или да го зголеми интензитетот на било која медицинска состојба со која се соочувате.

Your vision our creation.

— Spectra team —

Услуги

SPECTRA NAIL BAR нуди единствени услуги:

Private appointment

Сакате приватност?

Ви овозможуваме да бидете единствен гостин во Нашиот салон.

Info!

  1. 50 % депозит како гаранција за закажување и резервација на термини
  2. Депозитот се враќа во полн износ доколку терминот се откаже најмалку 72 часа претходно
  3. Услугата за организација на настанот се наплатува 2000 ден

Private Nail Parties

Се прашувате на кој начин да се забавувате во друштво на пријателите, фамилијата или колегите?

Ви нудиме одлична можност да прославите роденден, годишнина, дипломирање, свршувачка, ново вработување или едноставно да го прославите другарувањето во друштво со вашите пријатели. Сите возрасти се добродојдени.

Организацијата на настанот оставете ни ја нам.

Info!

  1. Молиме да ја закажете забавата најмалку една недела однапред за да можеме да ги резервираме термините за Вас
  2. Закажување за минимум 4 услуги
  3. 50 % депозит како гаранција за закажување и резервација на термини
  4. Депозитот се враќа во полн износ доколку забавата се откаже најмалку 72 часа претходно
  5. Услугата за организација на настанот се наплатува 4000 ден

Our Signature Services

Концептот на оваа услуга е едноставен.

  • SPECTRA express. Ова е нашата експресна услуга. Искористете 30 минути на пауза за маникир со гел лак.


SPECTRA express услугата може да се комплетира со финален лак во боја што Вие ќе ја одберете.

Are you ready to start a conversation?

Get in Touch


Во SPECTRA NAIL BAR не работиме со Акрил!

Истражувањата покажуваат дека акрилот е штетен за здравјето на клиентите кои го применуваат, за здравјето на Nail техничарите кои секојдневно го нанесуваат и отстрануваат, како и за здравјето на клиентите кои се подложни на мирисот и прашината од акрил иако не го применуваат. Дали би можеле да заработиме применувајќи го акрилот во Нашиот салон? Секако. Многу салони го прават тоа. Ние во SPECTRA NAIL BAR сме посветени на обезбедување на чиста, безбедна и релаксирачка атмосфера за Вас нашите клиенти и техничари. Акрилните нокти никогаш нема да бидат дел од тоа што ние го правиме.x

Цени

Третманите се вршат со високо квалитетни и проверени производи од етаблирани производители како OPI, PROFESSIONAILS, GELISH

Класичен Маникир/Педикир

500/700 мкд

Ноктите и кутикулите се совршено обликувани и ревитализирани, вклучува хидратантен лосион и масажа.


SPECTRA express – Маникир

600 мкд

Ова е нашата експресна услуга.

Искористете 30 минути на пауза за маникир со гел лак.

SPECTRA spa – Маникир/Педикир

700/900 мкд

Ова е нашата спа услуга.

Овој фаворит на нашите гости вклучува апсорпција на есенцијални масла, луксузен пилинг на кожата, хидратантна маска и релаксирачка масажа.

SPECTRA за мажи – Маникир/Педикир

700/900 мкд

Оваа услуга е наменета за мажи кои посакуваат здрав и негуван изглед. Третманот опфаќа топла купка на рацете/нозете, обликување и ревитализација на ноктите и кутикулите, пилинг и хидратантна масажа.


Гел лак

800 мкд

Класичен маникир/педикир + гел лак по избор.

Гел + гел лак

1200 мкд

Класичен маникир/педикир + гел (на природна должина на нокти) + гел лак по избор.


Наливни нокти со гел лак

1500 мкд

Класичен маникир + издолжување со гел + гел лак по избор.

Декорација/Корекција на нокт

100 мкд


Парафински третман

300 мкд

Третманот со парафин ја подобрува циркулацијата, ги опушта мускулите, ја омекнува и хидрира кожата и ослободува од стрес.

 

078 873 703

Shine bright like a diamond

— Rihanna —

Одберете еден од нашите пакети и

следете нѐ за да дознаете за дополнителни поволности

Подарете ваучер!

What our Clients say

  • Совршен маникир. Прекрасна атмосфера и професионалност. Топло ги препорачувам. Благодарам #SPECTRANAILBAR.

    — Marta Dimirovska-Stefanovska —
  • Прекрасен салон, професионална услуга и квалитетна опрема. Уживав.

    — Magdalena Velevska —
  • Ваква професионалност не сум видела досега! Браво и секоја чест! Девојките се одлични!

    — Marina Pavlevska —
  • Pravo uzivanje i profesionalnost na nivo 🙂 So eden zbor ODLICINI 🙂 !

    — Андријана Филипоска Срчокова —

Галерија

ПОТРЕБНА ВИ Е МАЛА ИНСПИРАЦИЈА ЗА ВАШИОТ СЛЕДЕН ТЕРМИН?
РАЗГЛЕДАЈТЕ ЈА НАШАТА ИНСПИРАТИВНА ГАЛЕРИЈА

Better arrive late, than arrive ugly

Вработување

style12

SPECTRA NAIL BAR има потреба од Техничар за нокти на цело работно време.

Техничарот за нокти потребно е да спроведува професионални третмани на нокти, раце и нозе. Неопходно е да биде соодветно едуциран во областа на козметичките услуги и да има основни познавања за техники на масажа на раце и нозе, како и совршено нанесување на лак. Потребно е да има искуство во аплицирање на гел, гел лак, надградба на нокти и Nail Art. Задолжително е да умее да одржува чиста, стерилна и уредна работна околина. Треба да поседува одлични комуникациски вештини и да е спремен и има желба да се доусовршува во нови техники, како и да обезбедува услови кои ќе ги следат потребите на нашите клиенти.

Доколку сте заинтересирани за работа во професионални услови и позитивна атмосфера испратете CV на info@spectra.com.mk.

info@spectra.com.mk

078 873 703

Аминта III бр.81/1 лок. 3, Скопје

Контакт

078 873 703

   We'd really love to hear from you so why not drop us an E-MAIL and we'll get back to you as soon as we can.

Loading

Работно време:

пон – пет  09:00 – 22:00 часот

сабота  09:00 – 21:00 часот

Back to Top